-->

Ријана: Крис сакаше да ме убие

Физичката пресметка на познатиот пар доби уште подраматична страна, откако Ријана и признала на полицијата дека Крис Браун и се заканувал дека ќе ја убие.

Ријана и раскажала на полицијата дека Браун ја давел и и зборувал дека ќе ја убие, по што изгубила свест, тврди E! News повикувајќи се на извор близок на полицијата.

Истиот извор го раскажува и остатокот од приказната - почнале да се расправаат по заминувањето од забавата пред одржувањето на Греми наградите во саботата доцна навечер. Кратко пред полноќ, работите излегле од контрола. Браун го запрел сребреното Ламборџини, а Ријана ги зграбила клучевите од автомобилот и ги фрлила низ прозор, што Крис дополнително го налутило.

Во бес ги барал клучевите, а бидејќи не можел да ги најде, се вратил до автомобилот и почнал да ја дави Ријана, заканувајќи и се дека ќе ја убие.

Судејќи според изворот, кога 20 годишната пејачка се разбудила откако претходно ја изгубила свеста, Крис го немало.

За причините за бурната расправија помеѓу младите љубовници се појавија бројни теории, а најчеста е онаа за љубомората. Ријана на забавата го видела Браун како флертува со некоја девојка, а подоцна на неговиот мобилен видела порака од истата девојка.

Некои медиуми за ова ја "обвинија" пејачката ѕвезда Леона Луис, но таа го демантираше ова преку нејзиниот портпарол.

 

Copyright © 2009 selotejp.com