-->

Видео:Next time патуваат за Москва

Next time е нашиот представник за изборот на 54-от Евросонг во Москва со песната „Нешто што ќе остане„.

Next time освои 7 поени од жирито и 12 поени од публиката.
Музиката и аранжманот на композицијата – „Нешто што ќе остане“ се на Јован Јованов и Дамјан Лазаров, а автор на текстот е Елвир Мекиќ.

За еден поен второпласирани беа Калипи и Наум кој добија 12 поени од жирито и 6 поени од публиката.Тие со песната „Рум, дум, дум„ ќе ја представуваат Македонија на фестивалот во Будва „Сунчане скале„.

На третото место се најде Ристо Самарџиев и Зоран Џорлев со песната „103 бели лебеди„. Тие освоија 10 поени од жирито, и 7 поени од публиката.Понатаму следуваа Влатко Лозаноски со „Блиску до мене“ со 16 поени, Сленг, петти со „Генгста оро“ и 13 поени , Влатко Илиевски со 8 поени..

На Евросонгот во Москва настапуваме во првата полуфинална вечер која ќе се одржи на 12 Мај.
На нашиот представник му посакуваме многу среќа.

 

Copyright © 2009 selotejp.com