-->

Panasonic отпушта 15.000 вработени

Меѓу последните компании кои најавија отпуштање на дел од своите вработени е и Panasonic, кој за да ги намали трошоците, ќе мора да се ослободи од дури 15.000 работници во своите погони низ целиот свет.

За сега познато е дека половина од отказите ќе им бидат врачени на работници во Јапонија, а останатиот дел ќе бидат распоредени по другите држави во кои Panasonic има свои погони. Најавата за откази доаѓа "во очи" на годишното објавување на бизнис резултатите на компанијата, кое се очекува да биде "во црвено" за околу три милијарди долари.

Според зборовите на извршниот директор на Panasonic, Макото Уенојама, во текот на третиот квартал продажбата била значително намалена во сите бизнис сегменти, а очекувано е ситуацијата да биде уште полоша во тековниот квратал, што треба да влијае на уште поголемо намалување на профитот кој го остварува компанијата.

Во ваква ситуација, намалувањето на трошоците и неизбежните откази, во следната фискална година би требало да му заштедат околу 10 милијарди фунти на Panasonic. Сепак, интересно е што и покрај глобалната криза и најавените откази, оваа компанија и понатаму преговара околу евентуално преземање на Sanyo.

 

Copyright © 2009 selotejp.com