Конечно е достапна финалната верзија на Skype 4.0 која помеѓу останатото носи и можност за фул скрин видео разговори и подобрен квалитет на звукот, па и самото видео.
Исто така, од новитетите тука е и можноста за директно воспоставување на видео повик, без претходно воспоставување на гласовен повик, а во новата верзија се користи нов и подобрен аудио кодек кој овозможува поквалитетен звук со користење на 50% помалку бендвит.
Нов е и корисничкиот интерфејс на програмот, а на него ќе се навикнете лесно.
Од Skype велат дека со нивниот производ се служат околу 400 милиони луѓе, а со неговата нова верзија таа бројка би требало да се зголеми.