-->

Нов соларен телефон од Samsung


 Samsung тврди дека нивниот нов "Blue Earth" паметен телефон, кој е опремен со соларни панели на задната страна, ќе може да собере доволно сончева енергија за реализирање на еден повик во убав сончев ден.

На пазарот на мобилните телефони, сонот на секој телефон е да стане следниот iPhone, кој брзо стана најпродаваниот телефон прво во Америка а потоа и во светот. Конкуретите како G1 phone, Verizon Voyager, RIM BlackBerry Storm, и престојниот Palm Pre се обидуваат да го достигнат величеството на iPhone, но иако тие се продаваат во солидна бројка, истите останаа далеку од етикетата “iPhone убијци.

Па наместо да оди по истиот стар пат како остнатите компании, Samsung реши да создаде паметен touch-screen телефон кој сигурно го надминува iPhone во една работа - економичноста. Како што денеска се наметнува зелениот тренд во светската индустрија и на пазарот, така и Samsung го базира својот нов "Blue Earth" телефон токму на овие екеолошки и економични принципи.

Обвивката на телефонот е изработена од рециклирана пластика од шишиња за вода, наречена PCM. Телефонот исто така е ослободен од броминирани запалливи материи, Берилиум и Фталати, супстанции кои вообичаено се наоѓаат во елктронските делови и за кои се смета дека се токсични во одредени околности.

Blue Earth исто така вклучува и соларни панели на неговата задна страна. Додека деталите за овие панели се сеуште недоволно познати, како и деталите за хардверот и оперативниот систем на телефонот, Samsung тврди дека тие ќе обезбедат доволно енергија за остварување на еден повик во било кое време во надворешни услови. Телефонот сепак ќе доаѓа и со типична батерија која се полни со помош на ново дизајниран енергетско-ефикасен полнач, со што се задржува еколошката слика и имиџ.

Телефонот вклучува "Eco mode" на работа, кој овозможува редукција и оптимизирање на осветленоста на дисплејот, времетраењето на позадинското осветлување и bluetooth-от за максимална заштеда на енергија. Компанијата вели дека нивната цел била да се насочи вниманието во создавањето на слика за зачувување на нашата чувствителна околина. Што се однесува на дизајнот, телефонот доаѓа во тенко и добро пакување со добро обликувани и сјајни облини.

Телефонот исто така доаѓа и со функцијата "eco walk", која се однесува како педометар кој ги брои чекорите што корисникот ги прави додека се движи, а потоа го информира колку јаглерод диоксид заштедил во однос на тоа да го помине истиот пат со автомобил.

За датумот на појавување, цената и останатите карактеристики, сепак ќе почекаме уште малку.

 

Copyright © 2009 selotejp.com