-->

Nokia го претстави N86 со 8MP камера


 Nokia претстави нов телефон од N серијата, кој е опремен со 8 мегапикселна камера и ја носи ознаката N86 8MP.

N86 8MP претставува стилски телефон на лизгање со тежина од 149 грама, опремен е со 8 мегапикселна камера со 28mm Carl Zeiss леќи со ауто фокус и блиц. Според Nokia блицот е од третата генерација кој има ефикасен домет до 3,5 метри. Од останатите спецификации тука е поддршката за 3G, вграден GPS, FM радио, 8GB вградена меморија и слот за microSDHC картичка, WiFi, Bluetooth и USB конекција. Како и сите телефони од N серијата, N86 доаѓа со инсталиран Symbian S60 оперативен систем, а кориснците ќе можат да уживаат во гледањето клипови и видео на OLED диплеј со големина од 2,6 инчи и QVGA 240 x 320 пиксели. Ќе се појави во две бои, црна и бела, а би требало да стане достапен во продавниците веќе во вториот квартал оваа година по цена од 375 евра, без данок и субвенции на операторите.

 

Copyright © 2009 selotejp.com