Intel-овиот P1268 32nm процес е во инзвонредно напредна фаза, и intel сака светот тоа да го знае. Компанијата прекина неколку 45nm продукти затоа што ги подготвува понапредните 32nm производи кои ќе бидат достапни годинава. AMD во меѓувреме продава само 45nm чипови и тоа од Ноември. Clarkdale е десктоп варијанта на Westmere, изграден врз база на 32nm логички јадра и 45nm графички јадра со користење на Multi-Chip Packaging технологијата. Наменет е за мејнстрим пазарот и е опремен со најновата генерација на Hyper-Threading технологија. Се планира и претставување на серверска варијанта на Clarkdale некаде во првиот квартал на наредната година. Arrandale е мобилната верзија на Clarkdale и исто така ќе биде достапен со интегриран графички чип. Тој ќе овозможува switchable графика во Windows Vista и Windows 7, овозможувајќи поголеми GPU перформанси преку PCIe. И Clarkdale и Arrandale ќе користат 5 серии на чипсети ексклузивно со DDR3. Ова сее првите 32nm силиконски уреди кои произлегуваат од Fab D1D – Intel-овиот Центар за Истражување и Развој во Орегон. Од одредени извори се дознава дека тие се комплетно функционални и работат под Windows 7. intel исто така вели дека имаат многу подобрено време на циклус во однос на нивниот P1266 45nm процес. Потрошувачката иако не е многу мала и за Clarkdale и за Arrandale, сепак тоа се само прелиминарни вредности. Финалните производи ќе бидат веројатно со доста пониски вредности, што исто така само ја покажува маестралноста и неприкосновеноста на Intel во моментов.
|
Првиот "Westmere" чип од Intel 100% функционален под Windows 7
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)