-->

YouTube ги руши сите рекорди на гледаност


Рецесијата ни одблизу не го погодила пазарот за он-лајн огласување, а во овој случај најпопуларниот од сите - YouTube. Во месец декември минатата година видеата на сервисот биле прегледани околу две милијарди пати.

Како што известуваат аналитичарите од comScore, за време на месец декември минатата година нешто повеќе од 30 милиони корисници на Интернет вкупно прегледале околу четири милијарди видео снимки. Очекувано, рекордот по гледаност го држи Гугловиот YouTube каде 24 милиони корисници прегледале околу две милијарди снимки.

На второ место на он-лајн огласувачкиот пазар на видео сервиси, далеку под култниот YouTube се пронашла видео страницата на BBC, на која биле забележани околу седум милиони единствени посетители. Корисниците на страницата на BBC објавените видео снимки ги прегледале околу 60 милиони пати.

На третото место се нашла страницата на Микрософт, а на четвртото megavideo.com.

 

Copyright © 2009 selotejp.com