Кафулињата и ноќните клубови се аут, друштвените мрежи се ин. Ако сакате да пронајдете партнер, отворете си профил на Facebook, MySpace и Twitter и фрлете се во потрага по симпатични луѓе. Ако е вака денес, што ли само ќе биде за 50 години...
Друштвените сајтови го одзедоа приматот на ноќните клубови и барови и станаа најпопуларни места за пронаоѓање на нова љубов. Еден од четири Британци моментално излегува или излегувал со некој кој го запознал преку овие веб-сајтови, а повеќе од една третина вака стапиле во контакт со некоја стара љубов.
Еден од десет анкетирани дури отишол и чекор подалеку и имал кратка афера или само секс за една вечер со некој "виртуелен" партнер.
"Традиционално кафулињата беа централните места каде луѓето се состануваа, запознаваа, флертуваа. Денес Facebook и MySpace ја превзедоа улогата на "клучно место" за наоѓање партнер, бидејќи многу самци денес бараат љубов преку интернет. Овие веб страници според истражувањата се покажаа како одлично место за оживување на старите романси", изјави портпаролот на агенцијата за интернет истражувања OnePoll.com.
Анкетирани се 3.000 луѓе на возраст од 20 до 40 години и речиси половина од нив (46%) сметаат дека е полесно да се запознае некој преку друштвените мрежи, отколку во живо. 57% многу полесно разговараат со својата симпатија кога се он-лајн.
Ваквите анкети и истражувања би можеле да појаснат зошто повеќе од една четвртина од анкетираните признаваат дека на ваквите сајтови намерно ги ставаат своите најубави слики во надеж дека нивната потенцијална симпатија ќе ги погледне.
И што? Ќе се заљуби во слика? Ако не промениме дел од своите навики и начинот на користење на технолошките пронајдоци, за брзо многу веројатно е дека ќе се обвистини оваа сатирична слика за еволуцијата на човекот: