-->

Google на Twitter

И Google е на Twitter! Иако веќе неколку години има профил на адресата Twitter.com/Google на овој се попопуларен сервис, својот прв пост го направи деновиве.

Во својот прв пост т.е. tweet, Twoogle (како што веќе се нарекува на SearchEngineJournal.com) се изрази преку бинарен јазик на следниот начин:

"I'm 01100110 01100101 01100101 01101100 01101001 01101110 01100111 00100000 01101100 01110101 01100011 01101011 01111001 00001010 "

Во груб превод ова би значело: I'm F E E L I N G L U C K Y ("Среќен сум").

Како што пишува SearchEngineJournal.com, oва е знак, но не за превземање на Twitter од страна на Google, туку за растечката популарност на овој веб-сајт. Во својот одличен осврт Џон Бател предвидува дека Twitter ќе стане новиот YouTube.

Кога пред неколку дена дојде до пад на системот на Gmail, целиот свет "твиташе" за тоа. Во ред, сите освен Google, кој го активираше својот профил на сервисот кој поради репутацијата, комуникацијата и уште стотина други причини го придобива епитетот "местото каде што се се случува".

Дами и господа, Twitter е комуникација во реално време, сервис на кој може да пристапите од својот компјутер еднакво лесно како и од вашиот мобилен телефон. Американските сенатори "твитаат", новинарите и уредниците "твитаат", Дејвид Линч, Бритни Спирс, Шекил О'Нил и уште еден куп познати личности од целиот свет.

Од денес и нашиот портал отвори свој профил на Twitter, така што сега може да не следите на компјутерите или мобилните телефони 24/7, на http://twitter.com/kajgana

Овој глобален комуникациски алат е новиот хит на интернет мрежата и трета социјална мрежа по бројност во светот, веднаш зад Facebook и MySpace, но бележи енормен раст. Имено, само во 2008 година овој сервис имал раст од неверојатни 800%. Компанијата веќе одби понуда од Facebook за продажба на сервисот за сума од 500 милиони долари. И тоа, во екот на рецесијата.

Очекуваме и во Македонија постепено да се зголемува бројот на корисници на овој сервис..... што? Веќе го направивте својот профил? Се читаме и таму.

 

Copyright © 2009 selotejp.com