-->

Биогориво од канализација

Жителите на Осло од идната година ќе се возат во градски автобуси кои наместо бензин користат биолошко гориво добиено од канализацијата.

„Предностите се на сите полиња: нема зголемување на издувните гасови, горивото речиси и да не ја загадува средината, автобусите со него се помалку бучни и таквата енергија е обновлива во недоглед“, изјави Оле Јакоб Јохансен, претставник на градските власти и еден од актерите во проектот.

Горивото за автобусите ќе биде метан кој ќе се добива од преработка на отпадот во канализацискиот колектор во Бекелагет низ кој поминуваат фекалиите на 250.000 граѓани.

„Со вршењето на нужда, еден човек на годишно ниво произведува еквивалент на количината од 8 литри дизел гориво. Ова можеби ви изгледа малку, но помножете го со 250.000 и ќе сфатите дека на база на оваа енергија 80 автобуси би можеле да поминат по 100.000 километри“, додава Јохансен.

Доколку се спореди со дизелот, биометанот е понапреден бидејќи испуштањето на азот-диоксид кај него е помало за 78%, а испуштањето на честички дури за 98%. Азот диоксидот и честичките се едни од главните виновници за респираторните болести кај луѓето.

Цената на биометанот ќе биде 0.72 евра за количина која е еднаква на литро дизел, чија цена на бензиските пумпи изнесува едно евро. Сеуште не е познато дали „производителите“ на суровините ќе бидат обештетени. Ако не се, им предлагаме да направат синдикат, и да си ги бараат своите права. А во меѓувреме, едноставно сте побогати за една информација која може да ви створи поубава слика за самите себеси, знаејќи какво „внатрешно богатство“ и потенцијал има секој од нас :)

Плус, никогаш не би можеле да останете на пат во недостаток на гориво :)

 

Copyright © 2009 selotejp.com