-->

Авионска несреќа во Еквадор


Мал воен авион за обука со тројца патници се урна и удри во четирикатна зграда во населено место во главниот град на Еквадор, Кито. Сите тројца патници во авионот ги загубија животите, а уште две лица загинаа, откако леталото падна на земја.

Во несреќата има и повредени лица, чиј број засега е непознат.

Авионот се урнал во близина на резиденцијата на амбасадорот на САД во Еквадор. Портпаролот на Амбасадата изјави дека меѓу настраданите нема членови од персонал од дипломатската мисија.

Според првичните информации несреќата најверојатно се случила поради густата магла, што паднала врз Кито.

 

Copyright © 2009 selotejp.com