-->

Кој ќе биде јунакот?

Кинеските научници бараат доброволци за да можат да преминат на втората фаза од истражувањето на експерименталната вакцина против СИДА-та кај луѓето.

Првата група од 49 доброволци, на возраст од 18 до 50 години ја прими експерименталната вакцина во мај 2005 година, 9 години по почетокот на истражувањата поврзани со оваа болест во Кина. Кај испитаниците не се забележани никакви секундарни ефекти, а тестовите на имунизација покажаа добри резултати.

Вакцината меѓутоа, мора да пројде низ три фази на клинички испитувања пред да биде одобрена. Првата фаза е пред се поврзана со безбедноста на вакцината, втората за степенот на имунизација, а третата за степенот на заштита на групите со висок ризик на заразување.

Според официјалните податоци, во Кина на крајот на минатата година се регистрирани 276.630 случаи на заболени од сида, меѓу кои 38.100 имале смртен исход. Стручњаците сметаат дека реалниот број на заболени е веројатно нешто поголем. Организацијата на ООН за борба против сидата UNAIDS проценува дека во Кина има помеѓу 30 и 50 милиони луѓе, кои се во потенцијална опасност од заразување на овој начин.

 

Copyright © 2009 selotejp.com