Научниците од Универзитетот во Калифорнија дојдоа до откритие кое би можело да се покаже како клучно во борбата против дебелината.
Во истражувањето, објавено на страниците на Nature Medicine, се откри дека со оневозможување на излачувањето на одреден ензим кој му помага на телото во апсорпција на мастите, можно е да се спречи дебелеењето. Ова откритие би можело да отвори нов пат кон нови добивање на нови лекови за лечење на прекумерната тежина и спречување на епидемиолошките размери на болеста на високиот холестерол.
Ензимот MGAT2 ја игра клучната улога во процесот на складирање на енергијата, односно изградбата на масно ткиво, а истражувачите открија дека со гасење на овој ензим кај глувците може да се постигне да не се здебелуваат дури и при јадење на калорична храна.
Професорот Боб Фаресес од универзитетот во Калифорнија изјави дека ова откритие би можело да се покаже како ултимативно корисно: „Ензимот е чувар во цревата кој ја регулира апсорпцијата на маснотии. Развојот на лекови против дебелината моментално е на врвот на приоритетите, особено затоа што дебелите луѓе умираат премногу млади“, додаде професорот Фересес.