-->

Бизнисмен планира да изгради копија на Титаник

Еден фински бизнисмен соопштил дека планира да изгради копија на Титаник, во негова природна големина, кој ќе го постави на северот на Финска.



“Сите во Европа знаат за Титаник. Во финската област Oulu не постојат туристички атракции и мислам дека ова може да привлече голем број на странски туристи.“- изјавил Toivo Sukari за медиумот Frans.

Околу 1.500 луѓе го изгубија животот во април 1912, кога Титаник потона. Според зборовите на Sukari копијата на познатиот брод ќе биде поставена на копното и во него ќе се наоѓаат ресторани и еден хотел.

Sukari, сопственикот на синџир продавници за мебел, го изградил и Ideapark, импозантен трговски центар недалеку од Tampere, на југот на Финска.

Неговиот Титаник ќе се наоѓа во селото Kiminki, околу 600 километри северно од Helsinki, покрај трговскиот центар чија изградба е во план.

Копијата на бродот би требало да чини помеѓу 30 и 40 милиони евра. Изградбата би требало да започне оваа година, а отворањето е најавено за ноември 2011 година.

 

Copyright © 2009 selotejp.com