-->

Тинејџер нацртал 18 метри долг пенис на покривот на татковата вила


Британецот Rory (18) бил инспириран од документарецот за Google Earth, па тој сакал да ја истакне својата куќа меѓу останатите. Тајната не била откриена година дена.

Andy и Clare McInnes конечно ја довршиле изградбата на покривот, на својата скоро куќа крај Hungerford, но многу кратко уживале во неговата убавина. На нивниот син му светнала бизарна идеја. Гледајќи го документарецот за Google Earth кој им овозможува на корисниците увид во сателитските слики, момчето одлучило да ја истакне својата куќа помеѓу останатите. Тој зел канта со бела боја, се качил на покривот и тамо нацртал пенис поголем од 18 метри. Година дена неговите родители не знаеле за ремек делото на нивниот син, но, момчето било разоткриено од еден пилот на хеликоптер кој за пенисот ги известил своите патници кои го сликале. Таткото Andy (54), инаку директор на една компанија, бил сигурен дека се работи за некаква шега кога медиумите го известиле за големиот пенис на покривот на неговата куќа. Тој му се јавил на својот син кој бил во Бразил да го праша за тоа, момчето се изнасмеало.



“Конечно го откри.“- му рекол синот. Но сепак Rory посла враќањето од Латинска Америка го чека задача, рибање на гигантскиот пенис.



 

Copyright © 2009 selotejp.com