И додека го чекаме продолжението на Трансформерс, Меган Фокс веќе има два планирани проекти од светот на стриповите, односно два филма кои ќе се снимаат според популарни стрип серијали.
22 годишната секс бомба ќе добие улога во адаптацијата на СФ вестернот "Johan Hex", глумејќи ја револверашката Леила, заљубена во ловец на уцени, кој ќе го оживее Џош Бролин. Снимањето започнува во април.
Втората адаптација е "Fantom", адаптација на истоимениот стрип на Мајкл Тарнер. Меган Фокс ќе ја глуми Аспен, девојката која открива дека е припадничка на расата The Blue, група хуманоиди кои можат да ја "контролираат" водата.