-->

Фотографија со страшно привидение на дух ги преплашило експертите

Страшно привидение во шкотскиот дворец ги збунила и преплашила експертите кои потврдиле дека фотографијата не е дигитално менувана.



За време на најголемата истрага за фотографски докази за духови, добиле страшна слика со привидение на прозорецот од шкотскиот дворец Tantallon во Fife. Таа е снимена во мај минатата година. На фотографијата се појавува жена во фустан од 15 – от век која стои зад решетките од прозорот. Во дворецот нема кукли ниту маскирани водичи, а три експерти потврдиле дека сликата не е дигитално менувана. Дури и професорот Richard Wiseman, познат по скептицизмот во врска со духовите, бил збунет.

“Навистина поставува некои прашања. Можно е да е некој посетител со необичен стил на облекување. Можеби некој ќе се пријави. Друга опција е рефлекција од сонцето, но навистина личи на човек.“- рекол тој.

Дворецот Tantallon е уништена тврдина од 14 – от век, се наоѓа на зафрлена карпа крај North Berwick на источната страна од шкотскиот брег. Тој е уништен во нападот на војската на Oliver Cromwell, 1651 година.

Во нивната анализа тие добиле доста фотографии на кои постоеле чудни привиденија.





 

Copyright © 2009 selotejp.com