-->

Пеле му се извини на Робињо

Бразилскиот фудбалски ас Пеле му се извини на Робињо за како што тој вели, големото недоразбирање и проблемите кои ги предизвика неговата неточна информација, кога тој изјави дека Робињо се дрогира.

Најдобриот бразилски фудбалер на сите времиња, Пеле, упати јавно извинување до 25-годишниот фудбалер по заканите на Робињо дека ќе покрене тужба за клевета и јавна навреда.

"Станува збор за големо недоразбирање. Информацијата која ја добив дека Робињо користел дрога во еден клуб во Сао Паоло се покажа како потполно невистинита. Поради тоа, сакам јавно да му се извинам на Робињо", изјави Пеле.

Потсетуваме дека Пеле во понеделникот по еден разговор со бразилските новинари изјави дека постојат фудбалери кои им даваат лош пример на младите, при тоа наведувајќи ги Робињо и Роналдо, кои наводно имале проблем со користењето на наркотички средства.

 

Copyright © 2009 selotejp.com