-->

Сретнала вонземјанин кој и разјаснил некои работи

Вонземјаните имаат скандинавски акцент, носат кафени одела, пријателски се настроени, живеат на планета слична на Земјата и не смеат да зборуваат со луѓето.

Ако може да и се верува на неименуваната Британка од Norwich која тврди дека зборувала со вонземјнин, не треба за ништо да се грижиме. Малите зелени човечиња имаат скандинавски акцент, пријателски се настроени, носат кафени костими, слични на оние падобранските. Живеат на планета слична на Земјата и не смеат да зборуваат со луѓето. Неименуваната жена се јавила во воздушната служба RAF во Suffolk, и има раскажала за нејзината средба со вонземјанецот. Таа тврди дека го сретнала додека го шетала кучето, а тој зборувал со неа 10 минути, а потоа се завртел и заминал. Жената се стрчала кон домот, и кога се завртела здогледала портокалово бел објект како се крева во воздухот. Оператерот кој го примил повикот тврди дека е автентичен.

 

Copyright © 2009 selotejp.com