Еден новозеландски 18-годишен хакер, креатор на компјутерски вируси кои на интернет предизвикале повеќемилионска штета, доби работа во една телекомуникациска компанија која ќе ја советува како да се бори против вирусите.
Хакерот Овен Тор Вокер е пуштен на слобода минатата година откако призна дека создал и на интернет раширил вируси кои предизвикале штета во висина од 20 милиони долари.
Малиот информатички гениј, програмер на низа вируси кои не можат да бидат откриени од програмите за заштита на компјутерите, се вработи во TelstraClear, претставништво на австралиската фирма за компјутери Telstra.
„Не советува за начините за смалување на ризикот и за она што ги мотивира сајбер криминалците“, изјави Крис Мирамс, директорот на Telstra за радиото на Нов Зеланд. „Навистина сака неговите информации и компетентност да послужат за доброто на нашата фирма" вели директорот.