-->

Убавината на прво место

Ова истражување за убавината не откри којзнае колку добри резултати - покажа дека на жените убавината понекогаш им е поважна од паметта, па дури и од пријателството. Речиси 25% од жените повеќе сакаат да победат на натпревар за убавина, отколку да ја освојат Нобеловата награда.

Истражувањето симболично наречено „Надворешната против внатрешната убавина“ го направиле стручњаците на Oxygen cable network, а целта им била да испитаат колку на младите жени им е значаен надворешниот изглед.

Испитале 2.000 жени на возраст помеѓу 18 и 34 години, израснати во модерен свет кој ја глорифицира надворешната убавина. Студијата ги покрила важните подрачја во женскиот живот: изгледот, славата и среќата, пријателството, врските и финансиите. Дошле до навистина интересни резултати:

26% од жените би ја направиле својата најдобра пријателка дебела до крајот на животот кога тоа би значело дека тие ќе останат витки.

26% од жените рекле дека повеќе сакаат да се слаби отколку паметни.

22% од жените кои се сметаат за атрактивни повеќе би сакале да ја изгубат способноста за читање отколку витката става.

39% го користат својот изглед за да го добијат она што го сакаат.

41% не би имале ништо против да добијат работа само на база на нивниот изглед.

50% од жените би се омажиле за грд маж ако тој би бил мултимилионер.

Меѓу другото, има и нешто понормално низ резултатите:

75% од жените би ја избричиле главата доколку со тоа спасат живот на некој странец.

78% од нив би избрале многу пријатели наместо убавината.

95% од жените не би ја напуштиле другарката која не би успеала да влезе во некој отмен клуб.

„Истражувањето покажува дека на жените нивниот физички изглед им ги одредува приоритетните вредности во животот. Жените се комплексна комбинација, покажуваат истражувањата, на алтруизмот и материјализмот, несигурноста и гордоста, преданоста и себичноста“, изјави докторката Џен Берман.

 

Copyright © 2009 selotejp.com