-->

Звучник - привезок за активните корисници

Паралелно со својата серија на мобилни Walkman, Sony Ericsson претставува и додатоци за нив кои искуството на слушање музика во движење ќе го подигнат на едно сосема ново ниво.

Sony Ericsson Outdoor Wireless Speaker MS500 совршено се надополнува со понудата на Bluetooth мобилни телефони, како на овој така и на сите други производители. Звучникот има едноставен, но сепак елегантен дизајн, и сигурно ќе им се допадне на голем број на корисници.

Кога се работи за техникалиите, MS500 звучниците се поврзуваат со уредите преку Bluetooth врска, се напојуваат со две AA батерии и можно е да се управуваат од уредот со кој се поврзуваат.

Целосните димензии на звучниците се 113 х 83 х 45 милиметри, тежат 155 грама, а цената сеуште не е обелоденета.

 

Copyright © 2009 selotejp.com