-->

Пицомат во Италија

За љубителтие на „вистинската“ пица оваа машина во дрско црвена боја ќе претставува богохулие, но нејзините промотери тврдат дека во ерата на економската криза ваквите машини се повеќе од добредојдени.

Користејќи инфрацрвени зраци и технологија која е развиена од истражувачите на Универзитетот во Болоња, автоматите сами го прават и месат тестото, потоа го развлекуваат и го премачкуваат со сос од домати, ги ставаат намирниците и на крај подготвената пица ја печат. Целиот процес, од уфрлањето на парите до изфрлањето на готовата пица во преградата, трае се на се три минути.

Креаторот на машината наречена „Let's Pizza“, италијанецот Клаудио Торгеле тврди дека тест-периодот на машината се покажал како исклучително успешен.

„Ова не е обичен автомат за пица, туку еден вид на мини пицерија“, објасни Торгеле, додавајќи дека „целиот процес на правење пица може да се следи низ стаклото на машината, а децата тоа го обожаваат“.

Автоматот, произведен во соработка со британско-холандската компанија Unilever, веќе е успешно тестиран и во Германија. За сега, во понудата има четири видови пица по цена од 4 евра. Неговито пронаоѓач смета дека машината ќе им се допадне на Европјаните кои во времето на економска криза гледаат да заштедат секаде каде што е можно.

„Ако сакам да се почастам со пица ќе одам во пицерија. Нашиот производ ја има таа предност што произведува задоволителен вкус, ефтин е и достапен 24 часови дневно“, истакна создавачот на оваа мини пицерија.

Од друга страна, традиционалистите потсетуваат дека италијанската пица која потекнува од 18-от век од градот Неапол, не трпи брзо, автоматизирано производство. Тие истакнуваат дека правењето на пица спаѓа во редот на уметничките вештини кои подразбираат „мајсторот“ да има трпение и посебни вештини.

 

Copyright © 2009 selotejp.com