-->

Бојкот на првата трка в недела?

Шефот на Рено Флавио Бриаторе и косопственикот на Мекларен, Рон Денис се заканиле со бојкот на првата трка од првенството, што в недела треба да се вози на патеката Алберт Парк во Мелбурн.

Тие преговарале со Берни Еклстоун околу условите за потпишување на нов договор со кој би се регулирале правата и обврските на организаторот и учесниците во шампионатот. Тимовите биле лути оти не им се исплатени договорените средства од лани. Дополнително, австралискиот весник Хералд Сан го наведе Ферари како уште еден тим кој е можно да не се појави во Мелбурн.

 

Copyright © 2009 selotejp.com