-->

Заврши изборната кампања

Заврши изборната кампања на политичките партии и другите учесници на четвртите претседателски и петите локални избори што ќе се одржат в недела на 22 март.

Партиите, коалициите и независните кандидати во изминатите 20 дена имаа можност да ги претстават своите програми пред електоратот и да образложат зошто ја бараат довербата од граѓаните.

Денеска е изборен молк и можност да го остварат своето право гласачкото право 529 внатрешно раселените лица и 1.971 лице кои издржуваат казна затвор или се во притвор, како и болните и немоќните кои поднеле барање до ОИК и добиле одобрување за тоа.

Гласачките места в недела ќе бидат отворени од 7 до 19 часот. На претседателските и локалните избори право на глас имаат еден 1.792.082 избирачи евидентирани во Единствениот избирачки список.

Претставниците на локалната власт во 84 општини и во Градот Скопје, пак, ќе можат да ги бираат од пријавените 370 претенденти за градоначалници и од околу 700 листи со кандидати за членови на општинските совети.

Државната изборна комисија веќе го достави изборниот материјал до сите општински изборни комисии, кои го проследуваат до избирачките одбори.

Неделните претседателски и локaлни избори ќе ги следат досега најголем број домашни и странски набљудувачи. Од акредитираните 6.981 домашни набљудувачи, најголем број се од Граѓанската асоцијација МОСТ - 4.520. Меѓу 524 странски набљудувачи, најмногу се од ОБСЕ/ОДИХР - 297.

 

Copyright © 2009 selotejp.com