-->

Падна владата на Тополанек

Европската комисија истакна дека очекува Европската комисија да го продолжи ефикасното претседателство со Европската унија, се наведува во декларацијата на ЕК по изгласаната недоверба на владата на Мирек Тополанек.

- Европа има потреба од силно водство во овие кризни времиња. А владата, која е претседателствива со ЕУ, а нема доверба, не може да биде лидер, изјави претседателот на парламентарната група на најголемата партија во Европскиот парламент, Европската народна партија, Жозеф Дол.

На веста за падот на чешката влада реагираше и министерот за надворешни рабоити на Луксембург, Жан Аселборн, кој истакна дека со тоа се „отежнуваат стабилноста и имиџот на Европа.

По изгласувањето на недоверба на владата на Тополанек, чешкото претседателство со ЕУ соопшти дека ќе продолжи нормално да работи.

- Во сегашната ситуација нема влијание врз должноста на претседателот на Европскиот совет, кој ја извршува претседателот на најголемата партија во чешкиот Парламент, лидерот на Граѓанската демократска партија Мирек Тополанек, се наведува во соопштението на Претседателството.

Чешка е ротациски претседател со ЕУ до 30 јуни, а на 1 јули ја наследува Шведска. Во согласност со Уставот на Чешка , Тополанек остваката треба да ја достави до претседателот Вацлав Клаус, кој ќе именува нов премиер, кој ќе формира нова влада.

Чешкиот Парламент синоќа и изгласа денеска недоверба на Владата на премиерот Тополанек. За недоверба на Владата се изјаснија 101 пратеник од 200-члениот Долен дом на Парламентот, што е минималното неопходно мнозинство. Пресудните гласови за падот на Владата на Тополанек ги дадоа четворица поранешни пратеници од владејачката коалиција, кои во меѓувреме станаа независни.

По серијата внатрешни спорови и разлики, чешката Влада на Граѓанската демократска партија, Христијандемократите и Зелените ја има поддршката од само 96 од вкупно 200 пратеници во Парламентот. Опозициските Социјалдемократи и Комунисти имаат 97 пратеници.

Барањето за ова, петто по ред, гласање недоверба на Владата го поднесоа опозициските Социјалдемократи, откако советник на премиерот беше обвинет дека вршел притисок врз државната телевизија да не емитува репортажа за поранешен пратеник на Социјалдемократите, кој сега ја поддржува власта.

Тополанек по гласањето изјави дека ќе поднесе оставка откако Владата ја загуби довербата во Парламентот.

- Ќе постапам онака како што ми наложува Уставот, рече чешкиот премиер.

Тополанек, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, претходно пред гласањето изјави дека е подготвен на сите варијанти.

- Како одговорен државник треба да сум подготовен за сите варијанти, рече Тополанек пред гласањето и тогаш изрази надеж дека веројатно ќе го преживее и ова петто по ред гласање недоверба, откако во 2007 година беше формирана десноцентристичката Влада.

 

Copyright © 2009 selotejp.com