Третиот Светски самит на државни, јавни и главни обвинители, на кој учествуваат 112 држави и девет меѓународни организации, почна во Букурешт.
На самитот, обвинителите ќе разговараат за улогата на обвинителствата во зајакнувањето на јавната доверба во кривично-правниот систем, независноста на обвинителите и ефективното соочување со предизвиците во борбата против криминалот во современото општество.
Романскиот државен обвинител, Лаура Кодрута на отворањето на самитот „Државен обвинител - столб на современиот кривично-правен систем“ истакна дека целта на собирот е да се пронајдат решенија и одговори на барањата на граѓаните да живеат во клима на доверба и правда.
Романскиот претседател во воведното обраќање нагласи дека обезбедување независност на обвинителите во спроведувањето истраги претставува суштиски услов за непречено функционирање на судството.
- На обвинителите им е потребна постојана професионална обука, истакна Басеску, додавајќи дека општествената мисија на обвинителите е од суштинска важност, бидејќи тие претставуваат главен авторитет во спроведувањето на законите.
Првиот Светски самит на обвинители е одржан во 2004 година во Гватемала и на него учествуваа 75 земји-членки на Обединетите нации. Вториот самит се одржа 2005 година во Катар.
Самитот во Букурешт е организиран под покривителство на Канцеларијата на ОН за превенција од криминал и трговија со дрога.