-->

Мекларен го "наместил" Трули

Јарно Трули беше казнет со одземање на третото место во Мелбурн поради тоа што откако накусо излетал од патеката, се вратил на неа и притоа загубената позиција ја надоместил со престигнување на Луис Хамилтон, што како чин е забрането кога на патеката има безбедносно возило.

Приказната на Италијанецот е поинаква, и тој смета дека бил принуден да го мине Хамилтон.

- Тој одеднаш забави и се тргна на страна од патот. Мислев дека има проблем. Го поминав бидејќи немав што друго да направам во тој момент,- изјави Трули, а неговата екипа Тојота најави жалба.

 

Copyright © 2009 selotejp.com