-->

Забранета рекламата за филмот “Wanted“

ТВ рекламата за филмот “Wanted“ не смее повеќе да се прикажува затоа што американските цензори заклучиле дека во истата се глорифицира насилството.



Анџелина Џоли пука со пиштол, кадрите се забавени и се’ е зачинето со добра доза на сексуалност, само проблемот е што најсексапилната жена на светот има пиштол во рака. Во истиот трајлер таа се бакнува со колегата Џејмс Мекавој, кој исто така пука со огнено оружје, тука секако е брканицата со автомобили. Гласот на гледачите го коментира како ’најкулерски’ фил на сезоната.

Илјадници слични трајлери има погледнато секој гледач, а конкретно овој не нуди ништо повеќе од вообичаените сцени за акциони филмови. Но, американскиор одбор за стандарди на рекламите (Advertising Standards Authority (ASA)) донел одлука дека сепак трајлерот за филмот “Wanted“ е премногу импресивен и дека сепак го глорифицира гламурот на пиштолот и насилството, што стандардите за програмите на малите екрани не го дозволуваат.



ASA го известила Universal Pictures дека рекламата за DVD исто така не смее повеќе да биде прикажувана во постоечкиот облик, туку повторно ќе мора повторно да се монтира.

Universal Pictures смета дека ASA претерува и дека гледачите многу добро знаат да раздвојат фантазија од реално насилство. ASA досега добила само една жалба заради трајлерот на ’Wanted’, но тоа не ги спречува да донесат уште една одлука, која за остатокот на нормалниот свет е навистина смешна.

 

Copyright © 2009 selotejp.com