-->

Робињо најави тужба против Пеле

Правните застапници на првотимецот на Манчестер Сити побараа од Пеле подетално да ја објасни изјавата дека репрезентативецот на Бразил се дрогира, а доколку не го стори тоа ќе бидат принудени да го тужат.

"Доколку медиумите не ги пренеле погрешно зборовите на Пеле, тогаш тој ќе мора јавно да ја повлече изјавата. Доколку не го стори тоа, ќе бидеме принудени да го разјасниме коментарот пред суд. Робињо е прилично вознемирен и разочаран поради тоа што го кажа Пеле, кој е негов идол од детството", изјави агентот на бразилскиот фудбалер Хуан Фигер.

Тој додаде дека би сакал итно да се сретне со Пеле за да ја разјаснат незгодната ситуација.

"Тоа што Пеле го изјави нема никаква смисла. Ќе почекаме да се сретнеме со него за да видиме што точно рекол, бидејќи сме уверени дека се работи за недоразбирање. Робињо никогаш не земал дрога", изјави Фигер.

Изјавата на Пеле дека Робињо и Роналдо користат дрога наводно е снимена без негово знаење во еден приватен разговор, а потоа е емитувана на радио.

 

Copyright © 2009 selotejp.com