-->

Излечете го компјутерот од Downadup

Од октомври минатата година низ интернетот шета црвот Downadup. До сега има заразено преку милион компјутери, а неодамна стручњаците од BitDefender открија нова, уште поагресивна верзија на овој црв.

Црвот го доби името Win32.Worm.Downadup.C, a се шири користејќи ја ранливоста во Windows RPC Server сервисот. Новата верзија на црвот е поотпорна на дезинфекција од нејзините претходници. Откако еднаш ќе ви влезе во системот, црвот го оневозможува апдејтирањето на Windows-от и го блокира пристапот кон повеќе антивирусни страници со цел на корисникот да му се отежни работата за дезинфекција на компјутерот.

Од BitDefender први понудија бесплатна алатка за дезинфекција која може да се симне на страницата: http://bdtools.net. Ова е прва веб адреса од која може да се симне алатката, а притоа постапката да не е блокирана од црвот.

Познат исто така под имињата Conficker или Kido, Downadup работи така што благодарејќи на слабоста која е пронајдена во Windows оперативниот систем инсталира лажен безбедносен програм за вашиот компјутер.

 

Copyright © 2009 selotejp.com