-->

Половина милион долари за најдобриот во Warcraft

Јужна Кореја повторно докажа дека е земја во која вложувањата во гејмингот се најголеми и врвните играчи на видео игри таму се ценат како вистински спортски ѕвезди.

После три години поминати во кланот Meet Your Makers, еден од најдобрите светски играчи на Warcraft III Јае Хо „Мун“ Јанг минатиот викенд потпиша договор со професионалниот гејмерски клуб WeMade FOX.

Клубот на Мун во текот на наредните три години ќе му исплати 700.000.000 вона или пресметано - 473.037 американски долари за да игра Warcraft III за нив. Во спомнатиот износ секако не се пресметани разните спортски договори, а Јае Хо Мун Јанг со ова стана вториот најдобро платен играч во историјата. Првото место сеуште го држи мајсторот на StarCraft Јун Јеол „НаДа“ Ли со кој WeMade FOX пред две години потпиша исто така три годишен договор, вреден 750.000.000 вони.

Нашите најдобри гејмери пак добиваат или досадно детство или закани за иселување од дома, во зависност од возраста :)

Кога сме кај Warcraft...мало потсетување на една генијална епизода насловена како "Make Love Not Warcraft" од серијалот Саут Парк:

 

Copyright © 2009 selotejp.com