-->

Google снимил флота на НЛО

Во корист на Street View услугата на Google, се поставиле камери во 25 англиски градови, па со Street View биле снимени девет сребрени ’топки’ над лондонските продавници.



Британката Faye Sharpe (18) истражувајќи го соседството Bethnal Green во источен Лондон забележала необични летала.

“Гледав на улицата за да ги видам своите пријатели. Видов нешто необично и ја зголемив фотографијата.“- рекла Faye.

Таа прво помислила дека се авиони, меѓутоа биле преблиску.

“Можеби беше НЛО.“- додала тинејџерката.

Експертот за НЛО, Nick Pope е навистина возбуден заради фотографијата која ја опишал како ’навистина фасцинантна’.

“Изгледа како да прикажува девет објекти, во облик на топки како летаат во совршена формација.“- рекол експертот коj некогаш истражувал необични појави за Министерството за одбрана.

Тој ги преиспитал сите можности кои обично ги објаснуваат необичните појави, но ниту една не одговара на овој случај.

 

Copyright © 2009 selotejp.com