-->

Кварцање преку мониторот на компјутерот

Милион луѓе наседнале на рекламата за web страна преку која се емитира UV зрачење ’за младолик и атрактивен изглед на работното место’. Посетителите кои се пријавиле на страната ги дочекала само една порака – ’UV зрачењето убива.’



Рекламата за кварцање преку монитор, додека седите на работа, привлекла милиони посетители за два месеци. На web страната http://www.computertan.com/ наводно ве очекува најновото научно откритие спроведено во пракса – претворање на електрони во ултравиолетови зраци.

На разочарување на луѓето кои навистина би сакале на работа да изгледаат како штотуку да се вратиле од плажа. Страната се покажала како исклучително добар трик за информирањето на луѓето за штетноста на UV зрачењето. Со притискање на опцијата за бесплатна проба, љубопитните ги дочекала слика на солариум со порака “UV зрачењето убива“.

 

Copyright © 2009 selotejp.com