-->

ОLED плеер

Внимавајте, бидејќи не се работи за некаков модел на мобилен телефон, иако Sony NWZ-X1000 изгледа токму така на прв поглед. Станува збо за аудио плеер со OLED екран и 30 GB простор за зачувување на вашата музика.

Sony NWZ-X1000 ги поддржува MP3, WMA и AAC аудио фајловите, а кога се во прашање видео фајловите без проблем ќе може да ги отворите сите оние кои податоци чиј опис на екстензија содржи една од следните наставки: MPEG-4, H.264 и WMV. Видеата ќе може да се гледаат на OLED монитор со широчина од 432х240 пиксели, но за жал ќе бидат прикажувани во резолуција од 320х240 пиксели, што значи дека добар дел од екранот ќе остане прилично неискористен.

Триесетте гигабајти слободен простор звучат фино, иако и не баш фасцинирачки, додека батеријата ќе издржи солидни 33 часа на слушање музика или девет часа гледање видео материјали. Од останатите џиџи-миџи додатоци, вреди да се истакне FM радиото, поддршката за WiFi мрежи како и вградениот е-пребарувач.

Sony NWZ-X1000 ќе се најде на пазарот за многу брзо...а цената сеуште му е непозната категорија.

 

Copyright © 2009 selotejp.com