-->

Nokia ќе отпушти 1.700 вработени

Финската компанија за мобилни телефони „Нокиа“ најави дека ќе отпушти вкупно 1.700 вработени од нејзините фабрики во повеќе земји, од кои дури 700 во Финска, јави Финската телевизија ИЛЕ.

Според телевиизјата, отказите се дел од програмата за штедење која мобилниот гигант ”Нокиа” ја најави неодамна.

Како што јави дописникот на МИА, по Финска, најголемиот број од отпуштените се од фабриките на „Нокиа“ во САД и Велика Британија.

Пред еден месец „Нокиа“ соопшти дека отказ добиле 320 вработени во едно од нејзините развојни одделнија.

 

Copyright © 2009 selotejp.com