-->

SP2 зa Vista, спремен за симнување

Мicrosoft овозможи јавно превземање на најновиот пакет со подобрувања (или народсkи речено: крпеници) за оперативниот систем Windows Vista.

SP2 (Service Pack) за Vista не е понуден во својата конечна верзија, туку со ознаката RC (Release Candidate), но таквите верзии обично не се разликуваат од конечните. Истата надоградба содржи SP2 за Windows Server 2008.

Надоградбата SP2 RC за овие оперативни системи тежи 1350,3 МВ, а можете да ја превземете на оваа адреса, потполно бесплатно. На истото место можете и да ги прочитате сите надоградувања и подобрувања кои SP2 ги донесува во Vista.

 

Copyright © 2009 selotejp.com