-->

Кокаин за гејмери

Најпопуларната мултиплеер игра на денешницата World of Warcraft често е поврзувана со зависноста која ја создава, а некои организации дури ја нарекуваат кокаин на денешницата.

Во игрите, посебно во MMO, играчите имаат можност да бидат што ќе посакаат,а тоа е една од главните причини што предизвикуваат толкава зависност. Со обзир на бројот на играчите и популарноста, World of Warcraft е во водство по приговорите и по скандалите, а најновиот пример доаѓа од Шведска, каде неименувано момче доживеа колапс по 20 часа непрекинато играње.

Шведскиот весник "The Local" поради тоа ја нарече World of Warcraft најопасна игра на пазарот, а тамошната фондација "Stiftelsen Ungdomsvard" која се грижи за младината ја прогласи за кокаин во светот на видео игрите.

 

Copyright © 2009 selotejp.com