-->

Tesla S

По долго чекање, калифорниската компанија Tesla специјализирана за производство на електрични автомобили пред неколку дена и официјално го претстави својот втор адут - моделот S.

Како што и можеше да се очекува, моделот S продолжува онаму каде што електричниот роадстер на Tesla застана - но сега во елегантно дизајниран пакет кој потсетува на најдобрите остварувања на Jaguar и Maserati.

Моделот S го движи електромотор со засега непознати технички карактеристики во пар со батериски пакет од 8.000 ќелии кои со едно полнење му нудат автономија од 480 километри. Tesla притоа спомнува дека едно брзо полнење не трае повеќе од 45 минути.

И покрај електричните корени, моделот S според официјалните податоци и прилично брз автомобил. Спринт до стотка постигнува за 5,5 секунди, а автомобилот постигнува максимална брзина од 190 км/ч.

Автомобилот треба да се појави во сериско производство во третиот квартал на 2011 година, а цената би требало да изнесува 49.900 американски долари.

 

Copyright © 2009 selotejp.com