-->

Дајте му трета димензија на iPhone

Oвој интересен додаток за iPhone служи како заштита за вашето милениче, но и ви овозможува гледање на тродимензионални содржини - без дополнителни очила.

3DeeShell е додаток за iPhone кој на прв поглед изгледа како уште едно во низата на заштитни куќишта, но тука сепак се крие нешто повеќе. Имено, преку екранот на iPhone се поставува посебна фолија која овозможува гледање на 3D содржини без никакви други додатоци како оние супер идиотски очила во црвено сина боја :)

Ако се прашувате кои по ѓаволите се тие 3D содржини - ги има, не се секирајте. Не премногу, но некои од игрите и апликациите во продавницата на Apple го поддржуваат 3D приказот. Доколку сакате да бидете пред своето време, тоа нормално ќе треба соодветно да го платите, бидејќи 3DeeShell чини солидни 49.99 долари, а можете да го најдете овде.

 

Copyright © 2009 selotejp.com