-->

Среќен роденден, WWW!

Wolrd Wide Web (WWW) овој месец го слави својот 20-ти роденден. Пред точно 20 години започна техничкиот развој на глобалниот збир на меѓусебно поврзани документи кои корисниците може да ги читаат или пишуваат користејќи ги персоналните компјутери поврзани на интернет мрежата.

Во тоа време на Тим Бернерс Ли, програмер во ЦЕРН, му здосадило постојано да ги губи податоците од својот компјутер и дошол на револуционерна идеја - смислил начин различните документи взаемно да се поврзат и корисниците да можат така да ги разменуваат. Со ова е роден протоколот за пренос на хипер текст (HTTP).

Интернет и веб, два различни поими
Термините Интернет и веб често во секојдневниот говор се користат без многу разлика, иако тие не означуваат една иста работа. Интернетот, како глобален систем за размена на податоци подразбира користење на опрема и програми кои овозможуваат поврзување меѓу компјутерите. Вебот пак, е еден од сервисите кои се извршуваат со посредство на интернетот.

Интернетот е доста постар и неговите основи се поставени веќе во средината на шеесетите години од минатиот век. Многумина уште тогаш во него виделе идеална можност за комуникација ширум земјината топка, но за разлика од денес, во тоа време не ни можело да се замисли патување по светот со еден единствен клик на компјутерскиот глушец.

Требало да се појави вебот за интернетот да прерасне во она што е денес. Експертите проценуваат дека тој развој до денеска толку напреднал што со интернет се користат 1.3 милијарди луѓе од целото население на Земјата. Во принцип, интернетот функционира на ист начин како и пред 20 години, со тоа што денес низ него ги имаме речиси сите мултимедиални елементи како музиката, сликите, графиката, филмовите и игрите.

Тим Бернерс Ли (54) кој денес ја има Британската титула Сер, не се збогатил од својот пронајдок.

Што е следно?
На многумина денеска, при крајот на првата деценија од 21-от век, животот без интернет не би им бил возможен. И тоа не само оној професионалниот. Сепак, многумина мислат дека интернетот практично, само што „проодел“ и го споредуваат со првите денови на користење на телефоните.

Кој е следниот чекор? Стручњаците предвидуваат дека на интернет ќе започнат да се појавуваат реални работи, а не само информации, документи, слики и звуци. Со комбинација на сателитските навигации и интернетот ќе се овозможи, на пример, пронаоѓање на загубен паричник со поставување на неколку едноставни прашања во врска со него.

На 20-от роденден на WWW, очекувањата се дека иднината на интернетот ќе биде уште повозбудлива. За разлика од возбудените корисници, креаторот на WWW има интересна порака за сите нас:

 

Copyright © 2009 selotejp.com