-->

Од денес, Internet Explorer 8

Tаборот на Microsoft објави дека во текот на денешниот ден, на корисниците ќе им ја понуди конечната верзија на својот веб прелистувач Internet Explorer, кој еволуираше до бројката 8.

По скоро цела година подготовки, Internet Explorer 8 ќе биде достапен во текот на денешниот ден на 25 различни светски јазици, и тоа на официјалните страници на Internet Explorer или од Microsoft Download Center, а на корисниците кои ја имаат вклучено опцијата Automatic Update прелистувачот ќе им се инсталира автоматски.

Истовремено, Microsoft објави и сопствен извештај кој покажува како Internet Explorer 8 наводно е побезбеден за сурфање од конкурентските производи на Mozilla или Google.

Извештајот за Microsoft го спроведе компанијата NSS Labs која објави дека IE RC1 е дури 69% поефикасен во препознавањето на разни веб опасности кои секојдневно ги демнат корисниците, додека на второ место го смести Firefox, на трето Safari, а на четврто Google Chrome.

Сите новитети вградени во новиот Internet Explorer 8 можете да ги прочитате овде.

 

Copyright © 2009 selotejp.com