-->

Збогум XP!

Microsoft веќе долго време се обидува да го реши феноменот наречен Windows XP, кој ужива огромна популарност кај корисниците кои едноставно немаат намера да се откажат од него. Се досега.

Познато е дека корисниците не ја прифатија добро Vista, па за поголемиот број на корисници Windows XP и понатаму останува примарен оперативен систем. Но, се чини - не за долго.

Во Microsoft отворено се надеваат дека со доаѓањето на новиот Windows 7, корисниците конечно ќе го остават XP и ќе почнат да ја користат "седмицата", кога веќе никогаш не ја прифатија Vista.

Според резултатите од истражувањето на Net Applications, Vista денес е инсталирана на само 23% од персоналните компјутери. Од друга страна пак, речиси сите "нетбуци" работат на XP.

Сепак, со укинувањето на бесплатната поддршка за Windows XP во април и доаѓањето на бесплатната Release Candidate верзија на Windows 7 во мај, Microsoft се надева дека корисниците ќе започнат масовно да го инсталираат нивниот нов оперативен систем и еднаш засекогаш ќе го напуштат стариот (но, добар) XP.

 

Copyright © 2009 selotejp.com