Sony најави производство на мрежен аудио/видео приемник за домашен кино систем, кој може да се пофали со некои интересни можности како што е пристапот до содржини од компјутер и репродукција на интернет аудио содржини.
Приемникот на Sony за домашно кино STR-DA6400ES може да се пофали со сертификатот DLNA (Digital Living Network Alliance) што значи дека е во можност да „стримува“ аудио, видео и фото содржини со персонален компјутер во мрежа или Home Media Server. Во исто време приемникот може да служи и како сервер кој ја испраќа музиката во дигитален облик кој го превзел од некој аналоген уред како грамофон. На овој начин се премостува аналогно-дигиталниот јаз кој постои меѓу старите и новите Hi-Fi стандарди.
STR-DA6400ES има можност за примање на SHOUTcast серверот за интернет радио без посредство на компјутер. Аудио сигналот приемникот може да го праќа на три места, додека видео сигналот може да биде препратен потполно одделно од аудио трансферите. Уредот е опремен со шест HDMI влезови, од кои еден се наоѓа на предната страна што го прави погоден за поврзување со камера. Поддршката за FullHD видео и аудио се подразбира кај уредите од овие категории.
Декодерот вграден во приемникот има поддршка за сите најнови технологии за репродукција на звук: Dolby True HD, Dolby Digital Plus, DTS HD Master Audio и DTS High Resolution декодирањето.
Sony STR-DA6400ES ќе се најде на понудата низ европските продавници за техника од мај оваа година.