-->

Убиена 24 годишна девојка во Охрид

Дваесет и четиригодишна девојка од Охрид рано изутрина е убиена од засега непознат сторител, кој по убиството побегнал од местото на настанот.

Според првичните информации, убиството се случило утрово околу 4 часот на улицата „Лазо Трпоски“, од лице чиј идентитет е веќе утврден и по кој полицијата интензивно трага.

Во тек се активности за пронаоѓање на осомничениот, како и за расчистување на деталите и утврдување на мотивите за убиството, а се очекува во текот на денот СВР - Охрид да изнесе информации во врска со случајот.

 

Copyright © 2009 selotejp.com