-->

Искашлал шајка која му била во лицето повеќе од 30 години

Еден човек од Колорадо останал шокиран откако осетил остра болка под окото, и во тој момент искашлал рѓосана шајка долга 2,5 сантиметри.



“Почувствував силна болка под десното око, па малку прилегнав. Во тој момент се закашлав, а шајката излезе од моето грло. “- раскажал 72 годишниот Prax Sanchez, пишува APTN. Најневообичаено е што тој воопшто не се сеќава дека некогаш имал несреќен случај поврзан со шајка. Откако ја искашлал шајката долга 2,5 сантиметри, Prax отишол во болницата во Колорадо, да побара помош.

После неколку прегледи и испитувања, докторите заклучиле дека Prax нема никакви оштетувања предизвикани од металот. “Не знам од каде метал во моето лице.“- рекол Prax, а докторите велат дека е многу веројатно да го чувал во организмот 30 години. “Еднаш кога ќе влезе во организмот околу него се создаваат мали мембрани и станува страно тело.“- објаснил докоторот Jamieson Kennedy. Prax Sanchez металот го чува во пластична ќеса и еден ден планира да го урами.




 

Copyright © 2009 selotejp.com