-->

ВИДЕО: 4 гола на Аршавин среде Енфилд; Ливерпул - Арсенал 4:4

5-ти пат во последните 7 натпревари фудбалерите на Ливерпул постигнуваат 4 гола на еден натпревар. но овој пат само за нерешено 4:4 против Арсенал, во моменти кога Бенитез најавуваше дека за да се освои титулата ќе биде потребно да се освојат сите бодови до крајот на првенството. Сега Ливерпул има ист број бодови со Манчестер, но и два натревари помалку.



2 гола на Торес и 2 на Бенајун, но и феноменални 4 гола од Андреј Аршавин, среде Енфилд - 2 од нив со фантастични удари од далечина и 2 по добри акции на Арсенал. 7 од 8-те гола беа постигнати во второто полувреме. Ова е фудбал. Ваквата игра и резултат уште повеќе добива на значење и поради фактот што кај Ливерпул не играше Жерар, а кај Арсенал Ван Перси, Адебајор, Клиши, Галас...

Ливерпул постигна 4 гола по последните 3 дуели со екипите од големата четворка, нешто што се нема случено во историјата на аглсикиот фудбал, а постигна 4 и против Реал Мадрид. Каде ли се границите на англискиот фудбал. Погледнете ги головите од вчерашниот дуел.



36' [0 - 1] A. Arshavin
49' [1 - 1] F. Torres
56' [2 - 1] Y. Benayoun
67' [2 - 2] A. Arshavin
70' [2 - 3] A. Arshavin
72' [3 - 3] F. Torres
90' [3 - 4] A. Arshavin
90' [4 - 4] Y. Benayoun

 

Copyright © 2009 selotejp.com