-->

Дик ги соопшти резултатите од вчерашното гласање во 5 општини

Според резултатите на Државната изборна комисија од податоците добиени по електронски пат во општината Студеничани на вчерашното гласање во вториот круг за избор на градоначалник Фати Исени од ДУИ има добиено 3479 гласа, а Исмет Тртовац од ПЕИ 2509 гласа.

Во општината Маврово - Ростуше Мукрем Мехмеди од Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ има освоено 1999 гласови, а Исмет Ејупи од ДУИ има освоено 1493 гласови.

Во Зелениково според добиените резултати по електронски пат Веле Груевски од Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ има освоено 1344 гласа, а независниот кандидат Борче Гиевски 1250 гласови.

Во општина Долнени Боше Милошески од Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ има освено 3651 гласа, а Абдула Бајрамоски од ДУИ 3818 гласа.

Во Чучер Сандево независниот кандидат Јован Пејковски има освоено 2290 гласови, а Воислав Киранџиќ од Радикалната странка на Србите во Македонија 1994 гласови.

 

Copyright © 2009 selotejp.com