-->

Дисциплински за девет вработени во МВР


Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се девет решенија против девет вработени во Министерството за внатрешни работи поради сторени повреди во работењето.

На еден вработен изречен му е отказ на договорот за вработување. Имено, С.Г., раководител на увидна екипа при СВР Скопје, добил отказ затоа што внел невистинити податоци во службената книга и ги преправал веќе внесените податоци.

На шест вработени изречена им е парична казна заради пречекорување на службените овластувања. На П.М., полициски службеник од СВР Велес, В.С., полициски службеник при СВР Тетово и О.А., комесар за крим работи, изречени им се парични казни во износ од 15 отсто од месечната плата во наредните шест месеци, односно во наредниот месец, поради тоа што ја поминале наплатната рампа со службена легитимација.

На М.Б. и Ф.М., полициски службеници во полициска станица при СВР Скопје, изречени им се парични казни во износ од 15% од месечните плати во наредните шест месеци затоа што додека обезбедувале приведено лице, му дозволиле да зборува по телефон.

С.Ѓ., полициски службеник при Одделот за посебни единици, пак е парично казнет во износ од 15 отсто од месечната плата во наредните три месеци бидејќи го нарушил јавниот ред и мир со тепачка.

 

Copyright © 2009 selotejp.com